Светскиот шампион со Франција од 2018 година и дефанзивец на Лил, Самуел Умтити би можел да ја прекине својата кариера на само 30 години.
Фудбалерот чија вредност додека играше за Барселона изнесуваше и 70 милиони евра, денес е проценет на само три милиони евра, повторно повреден, поради што нема да игра до крајот на сезоната. Па се наоѓа пред одлука за крај на својата професионална кариера.
Француските медиуми пишуваат дека операцијата на коленото на Умтити минала добро, но е јасно дека нема да може Лил да смета на него до крајот на сезоната. Тој веќе има статус на резервен фудбал и беше далеку од посакуваната натпреварувачка форма изминатава есен, одигрувајќи само шест лигашки натпревари, односно само 180 минути вкупно.
Умтити, како што е познато, имаше постојано проблеми со коленото и за време на престојот во Барселона, поради што пропушти многу натпревари за каталонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

