Брилијантен гол на Нуњез, Ливерпул убедлив со Брентфорд (ВИДЕО)

Ливерпул без никакви проблеми дојде до победа од 1-4 на гостувањето против Брентфорд во 25. коло од Премиерлигата.

Дарвин Нуњез со брилијантен гол со лоб удар во 35. минута донесе предност од 0-1 за Ливерпул.

Во второто полувреме, Мек Алистер во 55. минута зголеми на 0-2, а Мо Салах во 68. минута донесе и 0-3 за Ливерпул. Домашните преку Тонеј во 75. минута намалија на 1-3, а Гакпо во 86. минута стрелаше и за 1-4 на тимот на Јирген Клоп.

Се вчитува...