Хрватска е нов светски шампион во ватерполо откако во денешното финале во Доха славеше по изведувањето на пеналите против Италија.
Во регуларниот дел, по четирите четвртини, натпреварот заврши израмнето (11-11), откако Италијанците пропуштија извонредна можност за победа, но Хрватска со голот на Буриќ на пет секунди пред крајот успеа да израмни за 11-11.
А, во пенал рулетот „коцкестите“ беа поумешни добивајќи со 3-2 за светска титула!
Бронзениот медл на шампионатот го освои Шпанија откако претходно во битката за 3. место славеше убедливо против Франција со 14-10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

