Баер Леверкузен реди победи, кикс на Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Баер Леверкузен продолжува со победите во Бундеслигата, триумфирајќи со 1-2 на гостувањето против Хајденхајм во 22. коло од шампионатот.

Леверкузен, иако тесно, се чини рутински дојде до победата која ја најави со голот на Фримпонг во 45. минута од средбата.

Во второто полувреме, Адли во 81. минута зголеми и на 0-2, а домашните во финишот успеаја само да го ублажат поразот.


Борусија Дортмунд, пак, киксираше на гостувањето против Волфсбург не успевајќи да дојде до целиот плен.

„Милионерите“ дојдоа до предност со голот на Фулкруг уште во 8. минута, но Герхард во 63. минута израмни на 1-1.

Се вчитува...