Верона ја продлабочи кризата на Јувентус во Серија А, дополнувајќи ја низата на „Старата дама“ од четири едноподруго натпревари без победа.
Во 25. коло од Серија А, Јувентус беше пред пораз на гостувањето во Верона, но на крај успеа да извлече барем бод (2-2).
Верона поведе со феноменалниот евро-гол на Фолоруншо уште во 11. минута од средбата.
GOAL: WHAT A GOAL FOLORUNSHO !!!!
Hellas Verona 1-0 Juventus pic.twitter.com/NiqveN5Dpr
— Samy (@FCBSamy_) February 17, 2024
Во продолжението, Влаховиќ израмни од пенал во 28. минута, но Нослин во 52. минута повторно донесе предност за Верона. Сепак, Рабио со голот во 55. минута донесе барем бод за тимот од Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА