Дамјан Робев сосема изненадувачки, но и апсолутно заслужено се закити со наградата за МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија.
Македонскиот репрезентативец не добива премногу често шанса, но во денешното финале максимално ја оправда довербата, одигра најдобро кога беше најважно и со 13 поени го предводеше МЗТ Скопје до огромна победа и нов трофеј во клупските витрини.
Зад неговото име во големото финале останаа запишани 13 поени, шест скока и една украдена топка, за МВП признание за репрезентативецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА