ПСЖ дополнително се зацврсти на врвот од табелата во Лига 1 откако во 22. коло славеше на гостувањето против Нант со 0-2.
Килијан Мбапе, кој само пред два дена објави дека на крајот од сезоната го напушта клубот, мечот го почна од клупата за резервни фудбалери.
ПСЖ до предност дојде со голот на Хернандез во 60. минута, а потоа од 62. минута во игра влезе Мбапе кој во 78.минута погоди од пенал за конечна победа од 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА