Црвена Звезда го освои Купот на Србија – „Радивоје Корач“ по новата драматична победа во финалето кое се играше во Ниш над Партизан од 85-79.
Очекувано максимално израмнет натпревар меѓу најголемите спортски ривали во Србија, кој на крај заврши со заслужена победа на црвено-белите.
Црвена Звезда на тој начин дојде до десеттиот трофеј во Купот на Србија, наспроти Партизан кој остана на осум досега освоени трофеи.
Клучни за победата на Црвена Звезда беа грешките во три едноподруго напади на капитенот на Партизан, Кевин Пантер при водство од 77-74 на противникот. Пантер промаши два шута, а имаше и загубена топка во третиот обид на Партизан за израмнување, по што следеше серија на Црвена Звезда од 4-0 за 81-74, која се покажа потоа клучна за конечната победа од 85-79.
Извонреден кај Црвена Звезда беше Милош Теодосиќ со 16 поени, плус и по пет скока и пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

