Мекланг со скок на Шек ја одбрани титулата во натпреварот во забивање (ВИДЕО)

Втора година по ред натпреварувачот кој го освојува натпреварувањето во забивање на Ол-стар викендот на НБА лигата не се натпреварува во најсилното кошаркарско првенство. Тоа е Мек Мекланг, 25-годишниот бек кој игра за развојниот тим на Орландо во Џи-лигата и во Индијанаполис го одбрани минатогодишниот трофеј.

Мекланг за противници ги имаше Џејкоб Топин, Хаиме Хакез и Џејлен Браун, а до трофејот стигна откако во финалето го прескокна Шекил О’Нил за перфектен скор.

Се вчитува...