Алкараз: Многу тежок пораз за мене

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз овогодинешниот настап на турнирот од мастерс 250 серијата во Буено Аирес го заврши во полуфиналето откако претрпе пораз од 2-0 од чилеанскиот тенисер Николас Џери.

Шпанецот важеше за фаворит за освојување на титулата, но потфрли и не го криеше разочарувањето.

„Ова е многу тежок пораз кој многу ме боли, играв далеку од моето ниво. Морам подобро да ја читам играта. Тоа ми е проблем веќе некое време. Морам да бидам подобар во важните моменти. Концентрацијата не ми се поправи во однос на 2023 година. Сепак годината е долгла, имам време да се подобрам“, изјави Алкараз.

Се вчитува...