Гвардиола: Кој сум јас да го критикувам Халанд кога постигнав 11 голови во 11 сезони

Манчестер Сити и Челси ремизираа со 1-1 во дербито на 25. коло во Премиерлигата во натпревар во која некарактеристично најдобриот напаѓач на „граѓаните“ Ерлинг Халанд не успеа да постигне гол и покрај тоа што девет пати се обиде да го совлада противничкиот голман Ѓорѓе Петровиќ.

Тоа е прв пат Норвежанецот да упати толку обиди кон противничкиот гол, а да не ја затресе мрежата па неговата форма беше тема на разговор на пресконференцијата по натпреварот каде тренерот Пеп Гвардиола застана во негова одбрана.

„Добро е тоа што Халанд шутираше девет пати, на следниот натпревар ќе постигне гол. Не можам да се лутам на него. И јас бев фудбалер, постигнав вкупно 11 погодоци во текот на кариерата која траеше 11 години. 

Тоа во просек е по еден гол во сезона. Дали сум јас на основа на тоа вистинскиот човек да го критикувам и советувам него како напаѓач? Имавме голем број на шанси, следниот пат ќе ги искористи. Не го обвинувам, таквите работи се нормални во фудбаллот. Тој е човек“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...