ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Халанд доживеа нешто што не му се случило досега

Ерлинг Халанд не игра во претпознатливата форма. Норвешкиот голгетер потфрли во дерби натпреварот против Челси во 25. коло од Премиерлигата, натпревар во кој му се случи нешто што не го искусил во досегашниот дел од кариерта.

Младиот голгетер упати девет обиди кон противничкиот гол, а не реализираше во ниту еден од нив. Србинот Петровиќ два пати го одбрани неговиот обид, два пати обидот на Норвежанецот заврши во блокот, а останатите обиди завршија надвор од рамките на голот.

Се вчитува...