Косово во офанзива по Ибрахимовиќ

Фудбалската федерација на Косово сака да ги засили своите редови со ангажман на уште два нови репрезентативци, пренесуваат тамошните медиуми.

Станува збор за младите Аријон Ибрахимовиќ, офанзивниот фудбалер на Баерн Минхен кој моментално е на позајмица Фросиноне и Елвис Реџбечај од Аусбург.

Родителите на Аријон Ибрахимовиќ имаат потекло од Призрен, додека Елвис Реџбечај е роден на југот на Косово.

Се вчитува...