Манчестер Јунајтед ја продолжи победничката серија во Премиерлигата откако во 25. коло славеше на гостувањето кај Лутон со 1-2 во натпревар во кој трите голови беа постигнати за помалку од 15 минути игра.
По само 36 секунди на семафорот стоеше предност од 0-1 откако Хојлунд ја искористи грешката на фудбалерите на Лутон за да го доведе својот тим во предност. Шест минути подоцна истиот фудбалер одново ја затресе мрежата за 0-2, а Лутон го ублажи поразот со голот на Морис во 14. минута.
Со новите три бода Манчестер Јунајтед стигна до 44 освоен бод во сезоната и се врати во игра за местата кои следната сезона водат во Европа, додека четрнаесеттиот пораз во сезоната го остава Лутон при опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА