Актуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен претпре нов голем пораз во Бундеслигата откако во 22. коло загуби на гостувањето кај Бохум со 3-2.
Баерн Минхен поведе во средбата со голот на Мусијала во 14. минута, но водството траеше само до 38. минута кога Асано изедначи на 1-1. До полувремето Бохум успеа и да стигне до целосен пресврт со голот на Шлотербек во 44. минута.
Второто полувреме не донесе подобри вести за Баварците. Вториот жолт картон на Упамекано во 78. минута ги остави со играч помалку, а откако Стогер го реализираше пеналот и со негатива од два гола. Кејн успеа да намали на 3-2 со гол во 87. минута, но избраниците на Тухел немаа сили за целосен пресврт.
По овој пораз Баерн Минхен заостана осум бода зад лидерот на табелата Баер Леверкузен, додека со трите бода Бохум се искачи на 11. позиција со 25 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА