Кошаркарите на Олимпијакос се овогодинешните освојувачи на Купот на Грција откако во големото финале славеа над лутиот ривал Панатинаикос со 58-69, забележувајќи втор директен триумф против „зелено-белите“ во битка за титула откако на стартот на сезоната триумфираа и во Суперкупот.
По изедначеното прво полувреме „црвено-белите“ го наметнаа своето темпо во втората половина од третата четвртина. Доминираа на двата дела од паркетот па во последните 10 минути стигнаа и до двоцифрена предност со што ги решија дилемите за победник.
За Олимпијакос тоа е тринаесеттата титула во натпреварувањето, додека рекордер и понатаму останува Панатинаикос кој има 20 куп титули.
#CupMenHellas: Ο Ολυμπιακός μας είναι Κυπελλoύχος Ελλάδας για το 2024!
Greek Cup Winners 2024!#OlympiacosBC #WeAreOlympiacos #TogetherWeFights #3PEAT 🏆🔴⚪ pic.twitter.com/MwM9B7awtc— Olympiacos B.C. (@Olympiacos_BC) February 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

