Реал Мадрид стигна до уште еден трофеј во сезоната откако славеа и во Купот на Шпанија совладувајќи ја Барселона со 96-85 во големото финале освојувајќи на 29 титула во престижното натпреварување.
По изедначеното прво полувреме Реал Мадрид успеа да го наметне моментумот во вторите 20. минути. Одличната игра во нападот донесе лесни поени, а агреисвната одбрана ги примора кошаркарите на Барселона на тешки обиди за постојана предност. Отпорот на каталонците беше надминат по петтата лична грешка на Весели по што следеше мирен финиш на средбата.
🏆 #CAMPEONESCOPA 😍 pic.twitter.com/lwV3YIuZgx
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) February 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

