Видео: Какво фијаско – Хари Кејн промаши, Баерн загуби

Баерн Минхен загуби со 3-2 на гостувањето против Бохум и сега заостанува огромни осум бода зад Баер Леверкузен, а по денешниот пораз е тешко да се поверува дека Томас Тухел повторно ќе „преживее“ за да остане на клупата на баварскиот гигант.

Упамекано можеби доби нов црвен картон, но трагичар на мечот дефинитивно е Хари Кејн. Англискиот голгетер се посрамоти промашувајќи зицер при 0-1 за Баерн, а потоа во самиот финиш имаше одлична можност од пет метри со глава да донесе израмнување од 3-3, но Кејн шутираше катастрофално, а голманот лесно одбрани.

Големото промашување на Хари Кејн во судиското продолжение што речиси сигурно ќе значи и отказ за Томас Тухел можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...