МВП Шортс го предводеше Париз до клупска историја

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс продолжи со фантастичните настапи и оваа сезона во која во предводеше својот Партиз до историја совладувајќи го Нантер со 90-85 во големото финале во Купот на Франција и тоа со МВП партија за кое го доби и престижното признание.

Натурализираниот Македонец беше прво име во својот состав со 26 поени, два скока и две асистенции, а ги постигна и клучните поени за својот тим на 46 секунди пред крајот на средбата со кои го одведе својот тим до предност од два напада.

Се вчитува...