Хари Кејн зад себе ги остави Ерлинг Халанд, Уве Зелер, Лука Тони…

Англискиот голгетер од редовите на Баерн Минхен, Хари Кејн се запиша во листата на стрелци на натпреварот против Бохум во кој неговиот тим претрпе пораз од 3-2.

Овој натпревар на Англичанецот му донесе и мал рекорд бидејќи стана фудбалерот кој најбрзо стигнал до бројката од 25 постигнати голови. За овој успех му беа потребни 22 натпревари што е за три натпревари побрзо од Ерлинг Ханалд, шест натпревари побрзо од легендарниот Уве Зелер, на девет побрзо од Кристијан Милер, 11 побрзо од Лука Тони…

Но, и покрај тоа што ја затресе мрежата во 87. минута на крајот испадна трагичар за својот тим бидејќи промаши сто отстотна шанса за изедначување во 92. минута.

Се вчитува...