НБА Ол-стар натпреварот за 2024 година ќе биде запишан вечно во историјата како прв во кој еден тим успеа да ја надмине границата од 200 постигнати поени. Во тоа успеа Истокот кој го совлада Западот со 211-186.
Натпреварот го одбележаа неверојатни 168 обиди за три поени од кои најмногу обиди му припаднаа на Дамиен Лилард. Кошаркарот на Милвоки се обиди 23 пати зад линијата за три поени, а беше успешен во 11 обиди па собра 39 поени за што му припадна и трофејот „Коби Брајант“ кој се доделува на најкорисниот играч.
2024 All-Star MVP, Damian Lillard! pic.twitter.com/2Fpjyvrwzb
— Milwaukee Bucks (@Bucks) February 19, 2024
Во 50 поени и 8 скокови најрасположен кај Западот беше Карл Ентони Таунс, додека Никола Јокиќ и Лука Дончиќ имаа скромна реализација. Србинот постигна 13 поени и 9 асистенции, а Словенеот 7 поени, 7 скокови и 7 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

