„Најлошиот Ол-стар во историјата, четири часа од животот фрлени во неповрат“

Ноќеска беше одигран Ол-стар натпреварот во НБА, во кој се видени скоро 400 поени, антинатпреварувачко шоу.

Овој натпревар некогаш беше сериозен натпреварувачки натпревар, а многумина за неа зборуваа за најквалитетната кошарка во светот. Но, во последните години Ол-стар натпреварот има друг карактер, да ги забавува гледачите и љубителите на кошарката во светот.

Поедини американски новинари беа „згрозени“ од кошарката, па така хроничарот Бил Симонс по мечот кажа:

„Смешно е што потрошивме толку многу време за бирање на кошаркарите, а потоа натпреварот да биде тешко ср*ње“, рече Симонс.

Некогашниот колумнист Боб Рајан, беше уште поостар:

„По козјнае кој пат НБА ѕвездите не покажаа почит кон кошарката. Уште еден фестивал на забивања и тројки. Ниту една рака во противничкото лице. Какво губење на време. Мора да се направи нешто, ова е брука за спортот. Ако челниците на НБА не ги навредува оваа фарса, тогаш не се разбираат или не сакаат кошарка. Овие ѕвезди треба да бидат цензруирани. А каде се тренерите? Има ли некој гордост?“, коментираше Рајан.

Натпреварот го доби истокот со 211-186. Инаку на мечот се направени само три прекршоци, рекорден најмал број во историјата на Ол-стар мечот.

Се вчитува...