Еден од најдобрите белгиски играчи во историјата, Еден Азар минатата година објави дека после 16 години и повеќе од 700 одиграни натпревари, се одлучи да ја заврши кариерата како професионален фудбалер. Во еден момент неговата кариера беше блескава, „газеше“ во Челси, но во очите на навивачите на Реал Мадрид ќе остане само скапо промашено засилување.
Во 2015 година беше прогласен за најдобар играч во Премиерлигата, а потоа откако се пресели во Реал беше само голема сенка од тоа каков играч беше.
Азар гостуваше во поткастот на својот поранешен соиграч Џон Оби Микел. Белгиециот призна дека често на подготовки доаѓал неподогтвен и со вишок килограми.
„Тоа е точно. Секое лето се здебелував 4-5 килограми. Мислев дека во текот на слободното време можам да правам што сакам, и после 10 месеци откако го држам телото на најголемо ниво, додека луѓето ме шутираат. Немојте од мене да барате да работам во текот на одморот. Сакам да уживам со семејството на плажа, не ме терајте да трчам 3-4 недели. Може да играм фудбал на плажа, но немојте да ме терате да трчам. Погледајте ја мојата цела кариера. Во првите месец дена на подготовките секогаш ми беше тешко, а потоа „летав“ затоа што моето тело беше во најдобра ситуација. Но, вистина е дека после секој одмор се враќав со некој килограм повеќе. Сакав и да јадам. Секој кој ќе ми понудеше храна, прифаќав. Белгиец сум, и во Белгија го има најдоброто пиво во светот. Не пиев секој ден, тоа не е точно, но 1-2 после нтпревар добро би ми дошло“, рече Азар.
Белгиецот призна дека коронавирусот имал големо влијание врз него.
„Немав среќа за време на коронавирусот. Бев во Далас на операција на зглобот. Два и пол месеци бев дома, не идев на терапии. Сега нешто да можам да променам, а тоа е ќе нарачав физиотерапевт да доаѓа кај мене. Кога помина короната, се вратив на терен. Но, мојот зглоб не беше повеќе истиот“, рече Азар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

