Ливерпул од Баер Леверкузен ќе ги засилува и раководните структури

Ливерпул на крајот на сезоната сака да ги доведе тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо и најмалку двајца играчи од таборот на лидерот во германскиот шампионат.

Покрај нив, „црвените“ имаат намера да го „грабнат“ и спортскиот директор на екипата, Симон Ролфес. Ролфес беше дел од „фармацевтите“ и како играч, и беше задолжен за ангажман на нови играчи во тимот, кои се покажаа како полн погодок.

Лиерпул остана без спортски директор, откако Јерг Шматке го напушти „Енфилд“ на крајот на јануари, по објавата дека Јирген Клоп си заминува од клубот по завршувањето на сезоната.

Покрај тренерот и спортскиот директор, Ливерпул се интересира и за неколку играчи. Еден од нив е Флоријан Вирц, додека „црвените“ го сакаат и стоперот Јонатан Та.

Се вчитува...