Дека апсурдите немаат граница, покажува податокот дека турскиот гигант Бешикташ се раздели од својот играч, 21-годишниот Емирхан Делибаш, и тоа поради учество на социјалната мрежа „Тиндер“.
Иако официјално не е соопштена причината за разделбата, сепак, турските медиуми откриваат дека Демирбаш бил дел од „Тиндер“. Апликацијата е главно наменета за барање на партнер(ка) онлајн, односно за онлајн запознавања.
„Со заеднички договор се разделивме со нашиот фудбалер Емирхан Делибаш. Му посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во објавата на Бешикташ.
Интересно е тоа што Емирхан на социјалната мрежа се опишал себе си како 24-годишник, а според информациите е роден во 2003 година, односно има 21 година.
Делибаш ги минал сите младински категории на Бешикташ. Во 2022 година замина на позајмица во Гезтепе, каде што на почетокот на оваа сезона се врати во „црно-белите“ од Истанбул.
🚨🚨| Beşiktaş terminated Emirhan Delibaş’s contract because he had a profile on a dating application. 😅 pic.twitter.com/v6yaJaSE7j
— CentreGoals. (@centregoals) February 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА