Јокиќ ја одбра идеалната европска петорка и го шокираше кошаркарскиот свет

Американските новинари го искористија Ол-стар викендот за интересни прашања за супер ѕвездите, а едно од нив беше посветено и кон Никола Јокиќ кој одбра најдобра петорка од европски кошаркари.

Србинот можеше да биде било кој Европеец кој е сега активен во најсилното кошаркарско првенство, но се одлучи само за кошаркари кои доаѓаат од поранешната Југославија.

Вклучувајќи го и него ги одбра и Србинот Богдан Богдановиќ, Словенецот Лука Дончиќ, Хрватот Дарио Шариќ и Црногорецот Никола Вучевиќ.

Се вчитува...