Кристал Палас потврди: Oливер Гласнер го наследи Рој Хоџсон

Легендарниот тренерот Рој Хоџсон денеска си замина од Кристал Палас, а веднаш беше потврдена и неговата замена. Станува збор за Австриецот Оливер Гласнер кој ќе има задача да го задржи лондонскиот тим во Премиерлигата.

Гласнер кој досега ги предводеше Ред Бул Салцбург, Анјтрахт Франкфурт и Волфсбург потпиша договор кој е со важност до крајот на сезоната 2025/26.

Се вчитува...