Рубљов: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата

Рускиот тенисер Андреј Рубљов за медиумите во пресрет настапот на турнирот во Доха говореше и за српскиот колега Новак Ѓоковиќ.

За Русинот нема дилема, Србинот е најдобриот тенисер во историјата судејќи по бројот на освоени грен-слем трофеи и поминати недели на првото место на АТП ранкингот.

„Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата. Освои премногу грен-смен турнири и помина најмногу недели на првото место на светската листа. Тој е неверојатен, убедливо најтешкиот противник против кој сум играл“, вели Рубљов.

Се вчитува...