Гирона полека ја губи битката за титула во Ла Лига откако во 25. коло го забележа и вториот пораз во низа. Овој пат од сензацијата на сезона подобар беше Атлетик Билбао кој на домашен терен славеше со 3-2.
Беренгер го отвори натпреварот уште во 2. минута, а предноста од 1-0 остана до крајот на полувремето. Циганков во 49. минута изедначи на 1-1, но само седум минути подоцна Беренгер одново ја затресе мрежата за водство на домаќините. Во 60. минута преку Вилијамс Атлетик Бибао поведе и со 3-1, а поразот го ублажи Гарсија во 75. минута.
Гирона сега заостанува шест бода зад лидерот на табелата Реал Мадрид, додека Атлетик Билбао со овој триумф остана во игра за позициите кои водат во Лигата на Шампионите следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

