Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска објави дека привремениот селектор Емерс Фае ќе остане на својата функција и ќе ја води репрезентацијата во иднина.
Тој стана привремен тренер на Брегот на Слоновата Коска за време на Африканскиот куп на нации, а во продолжението на тоа натпреварување успеа да го освои трофејот. Должината на неговиот договор не е објавена.
Фае го замени Французинот Жан Луј Гасе на клупата на Брегот на Слоновата Коска, откако тимот доживеа убедлив пораз во групната фаза на Африканскиот куп на нации против Екваторијална Гвинеја (0-4).
Благодарение на останатите резултати, Брегот на Слоновата Коска успеа да се пласира во следната рунда, а подоцна стигна и до титулата африкански шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

