Почнува „Меси Лионел Суперлигата“ (МЛС)

Ноќта меѓу среда и четврток започнува 29. и веројатно најзначајното издание на американската МЛС лига.

За прв пат од 2016 година нема да има нови клубови, па повторно 29. екипи ќе бидат поделени на две конференции – западна и источна.

Регуларната сезона ќе трае до 19. октомври, со пауза во средината на јули и август за Лига купот, заедничко натпреварување меѓу американските и мексиканските клубови. Плејофот започнува во октомври, а финалето на МЛС лигата, МЛС Купот е закажано за 7 декември.

Колумбус Кру ја брани титулата, додека Синсинати беше најдобар тим во регуларниот дел од сезоната.

Повторно во прв план ќе биде најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, на кого секој негов погодок ќе биде вивнат во височините како да се работи финале на Светско првенство или Лига на шампиони.

Се вчитува...