Лука Модриќ ќе има една работа повеќе за размислување кога ќе решава за својата иднина откако хрватскиот ветеран доби нова интересна понуда – овојпат од Реал Мадрид.
На сите им е јасно дека за Модриќ од следната сезона ќе нема место во играчкиот кадар на „кралевите“, но Карло Анчелоти не сака да се раздели од Хрватот и затоа му понудил тој да остане во Мадрид, како дел од стручниот штаб на трофејниот италијански тренер во „кралскиот клуб“. Модриќ би имал можност паралелно со тоа да ги добие неопходните тренерски лиценци, за неколку години подоцна да биде во можност да почне и самостојна тренерска кариера.
Слична понуда од Анчелоти пред десетина години доби и истата ја прифати и Зинедин Зидан, кој освои се што можеше да се освои како предводник на „кралевите“.
Конечната одлука сепак ќе мора да ја донесе Модриќ, кој се уште нема одлучено дали да игра уште најмалку една сезона. Клубовите од Саудиска Арабија му нудат богатство за таа опција, понуда има и од Интер Мајами да заигра крај Лео Меси, па останува да се види дали Хрватот ќе игра уште барем една година или ќе реши да се збогува со фудбалот и ќе заплива во тренерски води, како десна рака на Карло Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

