Јокиќ го повика Дончиќ во Денвер: Лука кога ќе те налутат во Далас…

Одличното пријателство кое го негуваат Никола Јокиќ и Лука Дончиќ беше видливо и на Ол-стар викендот на НБА лигата каде Србинот и Словенецот добро се забавуваа меѓусебно.

Социјалните мрежи се полни со видеа од шегите кои ги прередија балканските кошаркарски ѕвезди па може само да се замисли тимската хемија која би ја имале на паркетот.

Затоа актуелниот најкорисен играч на финалната серија доби и прашање од страна на медиумите дали би можеле да заиграат заедно со Дончиќ.

„Се е можно. Само што јас не намерувам да заминам од Денвер. Ми се допаѓа супер е организацијата, но доколку Лука сака и им се налути на нив (Далас)“, изјави низ смеа Србинот.

Се вчитува...