Де Јонг: Јас заработувам 40 милиони? Тоа е далеку од реалноста

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, беше лут на новинарите за пишувањето за него во последно време. Медиумите шпекулираат дека Де Јонг е еден од првите кои ќе си замине од Барселона поради преголемата плата, а неговото незадоволство било големо.

Пред мечот со Наполи на прес-конференција видно лут, Холанѓанецот кажа дека медиумите пласираат лаги за него.

„Во последно време сум лут за она што се објавува по медиумите. Информациите не се точни. Не можам да разберам како може да се пласираат лаги. Има некои тврдења дека заработувам 40 милиони. Тоа се лаги кои се далеку од реалноста. Мислам дека тоа се работи кои медиумите ги прават со многу играчи и тренери, пишуваат невистини. Мислам дека треба сето тоа да се промени. Моите соиграчи се на највисоко ниво, а јас понекогаш чувствувам дека не сум на нивото на Барселона. Многу сум среќен тука, и се надевам дека ќе останам уште многу години“, рече Де Јонг.

Се вчитува...