УЕФА се огласи за поништениот гол на Лајпциг: Судиите донеле правилна одлука

Откако се крена многу прашина за голот на Лајпциг против Реал Мадрид во раната фаза од мечот, кој беше поништен поради офсајд од страна на судијата Ирфан Пељто, УЕФА смета дека одлуката била исправна.

Шешко не беше во офсајд, но имаше играч кој беше во недозволена ситуација блиску до голманот Лунин. Иако се очекуваше дека голот ќе биде признат, сепак, тоа не се случи.

УЕФА наводно донела одлука во која нема да ги суспендира судиите, односно конечниот извештај ќе биде дека арбитрите донеле правилна одлука. Судиите веднаш реагираа, а ВАР потврди дека голот треба да биде поништен.

Се вчитува...