Халанд му донесе минимална победа на Сити против Брентфорд (ВИДЕО)

Манчестер Сити дури во вториот дел го скрши отпорот на Брентфорд, и успеа да издвојува минимална победа, иако важеше за голем фаворит за убедлива победа.

Ерлинг Халанд во 71. минута по асистенција на Алварез донесе три бода за Сити, со кои тимот на Пеп Гвардиола ја продолжува трката за шампионската титула во Премиерлигата.

Сити целосно доминираше во мечот, упати дури 25 удари, од кои 11 кон голот на противникот.

Сега Манчестер Сити има 56 бодови, еден помалку од лидерот Ливерпул, и еден повеќе од третопласираниот Арсенал.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...