Во Ајднохен никој не се стекна со предност во дуелот меѓу ПСВ и Борусија Дортмунд. Гостите од Германија први водеа, а Холанѓаните се спасија од сомнителен пенал во второто полувреме.
И покрај тоа што ПСВ беше подобар противник во првиот дел, сепак, Борусија стигна до предност. Мален во соло акција успеа да го совлада Бенитез, и да ги шокира домашните навивачи.
Во вториот дел беше израмнето, а ПСВ, сепак, успеа да стигне до израмнување. Хумелс направи пенал, кој во голема мера е сомнителен, но на крајот успеа да израмни откако Де Јонг беше сигурен реализатор на ударот од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА