Манчестер Јунајтед официјално потврди дека Џими Ретклиф стана сопственик на 27,7% од акциите на клубот.
Од Олд Трафорд вечерва издадоа соопштение во кое се потврдува дека сопственикот на компанијата „Инеос“ и вториот најбогат Британец, инвестираше 300 милиони долари во развојот на клубот.
„Манчестер Јунајтед со задоволство може да потврди дека Сер Џим Ретклиф го комплетираше купувањето на 27,7% од кациите на клубот, откако ги исполни сите услови поставени од страна на Фудбалската Асоцијација и Премиерлигата“, стои во соопштението.
Се огласи и самиот Ретклиф.
„Голема е еста што станав ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, а тоа е воедно и голема одговорност. Ова е крај на периодот на трансакција, но почеток на на нашето патување, кое има за цел да го врати клубот на врвот во англискиот и европскиот фудбал“, рече Ретклиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА