18-годишниот украински кошаркар Артем Козаченко, почина во болница од последици од убодите со нож во неодамнешниот напад во германскиот град Оберхаузен.
Козаченко стана втора жртва од нападот кој се случи на 10. февруари годинава. Тогаш неговиот соиграч, 17у-годишниот Владимир Јермаков почина на лице место од раните здобиени со нож.
Кошаркарите биле дел дод тимот на „Џајантс“ од Дизелдорф. Биле нападнати од четири напаѓач, меѓу кои и 15-годишен ученик од турско потекло, кој е главен осомичен за нанесување на смртоносни повреди. Покрај него, уапсени се 14-годишен ученик со германско-грчко потекло, и двајца Сиријци од 14 и 15 години. Сите биле од Гелзенкирхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

