Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, го предаде мечот од првото коло во Рио де Жанеиро против Тиаго Монтеиро. Алкараз го предаде мечот откако го повреди зглобот во вториот гем.
Алкараз ја продолжува лошата серија во 2024 година, а лани во Рио играше во финалето.
„Утре ќе бидам тестиран да видам дали е сериозно или не. Се чувствував лошо, тоа беше мојот прв впечаток. Чувствував болка кога паднав, мислев дека ќе биде тешко да продолжам. После неколку поени видов дека не е подобро. Не можев да се движам, знаев дека ќе биде невозможно да продолжам. Сигурен сум дека ќе беше полошо ако продолжев, и затоа се одлучив да се повлечам“, рече Алкараз.
Монтеиро во следното коло ќе игра против сонародникот Фелипе Мелиген Алвеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

