Мекиќ: Фаворитската улога ја препушам на Естонците, но верувам дека можеме да ги победиме

Адем Мекиќ повторно е дел од националниот тим, крилниот кошаркар пристигна во Скопје по успехот со Задар и освоениот Куп на Хрватска.

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје е свесен за значењето на премиерниот квалификациски дуел со Естонија, фаворитската улога им ја препушта на гостите, но верува дека Македонија пред своите навивачи предводена од поискусните играчи ќе успее да стигне до триумф.

„Естонија е репрезентација што добро ја познаваме и на која и ја препуштаме фаворитската улога. Главна одлика им е агресивноста во играта, инсистираат на брза кошарка и мислам дека во последните години играат феноменална кошарка. Сепак, ние сме домаќини, играме пред нашите навивачи. Имаме релативно млада селекција надополнета со искусни и квалитетни кошаркари. Наше е да излеземе на терен и да го дадеме максимумот, верувам во позитивен резултат. Имаме врвни играчи како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, потоа Бојан Крстевски кои имаат енормно искуство и квалитет, надополнети со нашата релативна младост и знаење, така што се надевам на добра игра и позитивен резултат за нас“, изјави Мекиќ.

Македонската кошаркарска репрезентација квалификациите за Евробаскет 2025 ќе ги стартува в петок на домашен терен против Естонија.

Се вчитува...