Германец на клупата на Косово за годишна плата од 400.000 евра

Фудбалската репрезентација на Косово доби нов селектор. Станува збор за германскиот стручњак Франко Фода кој ја презеде селекцијата од Примож Глиха, кој поднесе оставка на крајот од минатата година.

Германецот најдобрите денови во кариерата го имаше во Кајзерслаутерн, а беше дел и од Баер Леверкузен и Штутгарт, а потоа во 1997 година заминува во Грац, каде во тимот на Штурм ги минува следните години. По завршувањето на кариерата, како тренер ја водеше екипата на Штурм од 2001 до 2012 година извршувајќи повеќе функции најпрво во аматерската екипа, па како помошник и потоа како прв тренер.

Во 2012 година се сели кормилото на Кајзерслаутерн, па повторно се враит во Штурм од 2014 до 2018. Од 2018 до 2022 година ја водеше Австрија, која играше против Македонија на ЕП 2021 година. Во 2022 година беше кратко на клупата на Цирих.

Договорот на Фода со селекцијата на Косово е до февруари 2026 година, односно по квалификациите за пласман на СП 2026 година кое се одржува во Мексико, САД и Канада. Неговата годишна плата ќе биде 400.000 евра.

Се вчитува...