Борусија Дортмунд одигра без победник 1-1 во првиот натпревар во 1/8 финалето во Лигата на шампионите против ПСВ. „Милионерите“ имаа предност по првиот дел, меѓутоа во вториот успеа холандскиот тим да израмни со гол од белата точка преку Де Јонг.
Од херој, Матс Хумелс се претвори во трагичар откако тој го направи пеналот. Беше убеден дека ќе биде поништен по ВАР, меѓутоа судијата Срѓан Јовановиќ не ја смени одлуката, на изненадување на сите во Дортмунд.
„Каков смешен пенал против нас. Повторно. Не можам да верувам дека се случуваат вакви срамни одлуки против нас и покрај ВАР. Вакви одлуки имаше и против ПСЖ во групите, како и против Челси лани“, изјави Хумелс.
Од екипата на Борусија Дортмунд се гневни на судиите поради досудениот пенал. Имаше и напади од неколку судии, а најгласен беше Мануел Графе кој кажа дека ова е смешна одлука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

