ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Никој не може да го сопре Ерлинг Халанд

Норвешката гол машина во Манчестер Сити, Ерлинг Халанд влезе во историјата на Премиерлигата откако постигна гол против секој тим од натпреварувањето. На Халанд му недостасуваше само гол против Брентфорд, а вчера го оствари и тоа, со што тој е вториот играч со вакво достигнување после Хари Кејн. Кејн им има дадено гол на 32 клуба.

Најголеми „пациенти“ на Халанд во изминатите година и пол колку што е дел од Сити се Манчестер Јунајтед и Фулам, против кои „гол-машината“ има постигнато по пет голови, додека четири има против Вулверхемптон, Нотингем Форест, Вест Хем и Евертон.

Менаџерот Пеп Гвардиола вчера по мечот со Брентфорд соопшти дека Халанд во изминатата недела имал и семејна трагедија, откако починала неговата баба.

Се вчитува...