Алкараз: Ѓоковиќ е најдобар по бројките, но тие не одлучуваат за најдобар на сите времиња

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го предаде мечот од првото коло во Рио де Жанеиро против Тиаго Монтеиро поради повреда на зглобот во вториот гем па имаше повеќе време за медиумите кои на пресконференција му поставија повеќе прашања.

Едно од нив беше осврт и на вечната дилема – кој е најдобар тенисер на сите времиња? Најголем дел од тенисерите поради бројките и рекордите кои ги забележа Новак Ѓоковиќ го ставија Србинот пред сите, но не и младиот Шпанец за кој бројките не се единствените кои одлучуваат.

„Рафа изјави дека за него Ѓоковиќ е најдобар само по бројките и јас го мислам тоа. Нема сонмеж дека Ѓоковиќ е најдобар статистички. Но, сепак треба нешто повеќе од само бројките да би кажале кој е најдобар на сите времиња. Надал, Федерер и Ѓоковиќ се сите тука негде и за мене сите тројца се великани“, изјави Алкараз.

Се вчитува...