Рубио: Се чувствувам како прв пат да играм кошарка

Легендарниот шпански кошаркар Рики Рубио се враќа на теренот откако ги надмина проблемите со менталното здравје и ќе настапи за репрезентацијата на Шпанија на престојниот квалификациски натпревар за Евробаскетот 2025 против Летонија во четврток.

Говорејќи за шпанските медиуми 33-годишникот не ја криеше возбудата за настап во дресот на „црвената фурија“, додавајќи дека се чуствува како на почетокот на кариерата.

„Не можам да го опишам чувството, како прв пат треба да заиграм кошарка. Многу сум возбуден за враќањето во националниот тим. Во Сарагоса игравме неколку пати, тука навивачите секогаш му давале посебна поддршка на тимот. Градот ја сака кошарката па и за мене тоа е идеално место за враќање на терените“, изјави Рубио.

Се вчитува...