Ливерпул со пресврт до победа над Лутон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва со пресврт (4-1) славеа на домашен терен против Лутон во меч од 26. коло во Премиер-лигата.

Гостите до изненадувачко водство од 0-1 стигнаа со голот на Огбене во 12. минута. Сепак, сите дилеми околу победникот избраниците на Јирген Клоп ги решија во само две минути. Прво во 56. минута Ван Дајк израмни на 1-1, а само две минути подоцна Гакпо донесе целосен пресврт (2-1).

На 3-1 зголеми Луис Дијаз во 71. минута, додека конечните 4-1 беа дело на Елиот во 90. минута.

Liverpool [3] – 1 Luton – Luis Diaz 71′
byu/PSGAcademy insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...