Висла Плоцк до голема победа над Монпелје

Ракометарите на Висла Плоцк направија голем чекор кон нокаут фазата во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен стигнаа до победа над францускиот великан Монпелје со 22-18.

Првото полувреме ни донесе тврда игра на двете страни која доведе до мал број постигнати погодоци, а на пауза се замина со реми 10-10.

Клучната разлика домаќините ја направија во средината на второто полувреме кога за првпат стигнаа до плус три (17-14), а до крајот успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф од 22-18. Тин Лучин со пет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Хаиме Фернандез постигна четири гола.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...