Фудбалерите на Наполи и Барселона без предност ќе се сретнат на реваншот на „Монжуик“ откако вечерва на „Диего Армандо Марадона“ одиграа без победник 1-1 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Гостите до водство од 0-1 стигнаа со погодокот на Роберт Левандовски во 60. минута, додека конечните 1-1 беа дело на Виктор Осимен во 75. минута.
Napoli 0 – [1] Barcelona – Robert Lewandowski 60′
byu/PSGAcademy insoccer
Napoli [1] – 1 Barcelona – Victor Osimhen 75′
byu/PSGAcademy insoccer
Во вториот меч од вечерашната програма Порто и повеќе од заслужено стигна до победа над Арсенал. Португалците пропуштија голем број на шанси меѓу кои најголемата на Галено во 21. минута, но сепак во финишот успеаја да стигнат до минимален триумф од 1-0 со голот токму на истиот фудбалер во 94. минута.
Galeno (Porto) incredible miss vs Arsenal 21′
byu/Imbasauce insoccer
Реванш натпреварите во овие два меча ќе се одиграат на 12. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА