Тренерот на Барселона, Чави, не го криеше разочарувањето што неговиот тим не успеа да слави на гостувањето во Неапол на првиот меч од осминафиналето во Лигата на Шампионите што на крајот заврши 1-1.
Барса имаше тотална доминација во големи периоди од мечот, успеа и прва да поведе преку Левандовски, но „наполитанците“ се вратија и преку Осимен стигнаа до реми со нивниот единствен удар во рамките на голот на Тер Штеген.
„Наполи не успеа да искреира ништо во нападот, им дозволивме само една шанса и тие дадоа еден гол. Ваквите натпревари треба да се победат, секако најфер резултат ќе беше наш триумф, но не успеавме во тоа. По голот што го дадовме, тие се разбудија и тргнаа во офанзива, токму во тие моменти требаше да дадеме втор погодок и да го завршиме мечот. Тоа е Лигата на Шампионите, така се добиваат овие натпревари од нокаут фазата. Многу ми се допадна нашиот настап, видов сериозен напредок и во нападот и во одбраната, само требаше да ги искористиме шансите што ги создадовме“, изјави Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

